Антикорупциска комисија ќе достави до Обвинителството иницијатива за покренување на постапка против поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Антикорупциска се сомнева дека Панчевски, покрај непотизмот што го направил со вработување на неговиот внук, Јордан Тасевски, тој исто така ги прекршил и процедурите за вработување.

Антикорупциската комисија исто така ќе ги разгледа и начините и процедурите за изнајмување на канцеларии на поранешни претседатели на државата. Ќе се проверува дали постои конфликт на интереси.

На денешната седница, членовите на Антикорупциската комисија донесоа одлука да ги разгледаат сомнежите за злоупотреба на службени возила за приватни потреби во Министерството за локална самоуправа. Исто така ќе ги разгледаат и анкетните листови на поранешни претставници на претходната и актуелната Влада, како и на пратениците од претходниот и сегашниот парламентарен состав.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...