Aтикорупциската комисија ќе проверува дали со плажите во Струга и Охрид се работи на диво или не. Тие бараат од локалните власт да кажат што се случува со плажите и дали оние кои во моментов профитираат од нив имаат договори за концесија или не? Двете општини, според информации на Алсат имаат рок од 15 дена да ја достават целата потребна документација. Официјалното писмо за тоа им било доставено вчера од Антикорупциска.

Антикорупциска комисија:

„Ќе се проверува дали со нив се стопанисува на диво и дали инспекторите досега постапувале.“

Поради неработниот ден денеска, Алсат не успеа да добие став од двете општини  и од Министерството за транспорт и врски. Инаку, за најголем дел од плажите на охридско-струшкото крајбрежје, договорите за концесиија се истечени одамна. Во Струга уште од 2016 година, а во Охрид од ланската 2018 година. Дел од концесионерите во Струга ни рекоа дека минатата година постигнале усна спогодба со општината за користење на плажите во наредните пет години, со надеж дека дека ќе се постигне и писмен договор, иако според наши информации постоела и писмена спогодба за тоа.

Од Антикорупциска не кажуваат какви мерки ќе преземат ако се откријат неправиолности. Најпрвин настојуваат да ја добијат целосната документација што ја побарале. Инаку, засега нема ништо ниту од најавите на Владата дека ќе им ги одземе ингеренциите на општините за издавање на плажите под концесија. За тоа да се случи требаше да биде донесен нов закон за градење, но тоа сè уште не се случи.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...