Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе отвори постапки за непотизам за последните вработувања на роднини блиски до функционери. Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска на денешната прва седница на Комисијата, кажа дека досега до нив не е стигната ниту една преставка

„Досега не е стигната преставка, меѓутоа законот нас ни отвара врата да можеме ние по сопствена иницијатива тоа да го истражуваме и ние тоа ќе го направиме, ќе побараме да ни ја достават целосната документација за спроведените постапки за вработувањата“, рече Билјана Ивановска, претседател на ДКСК.

Покрај ова, Иваносвска посочи и дека предмет на истрага ќе бидат и случаите поврзани со последниот скандал со програмата за финансирање на кутурни настани на Министерството за култура, како и државната поддршка за фирми од Фондот за иновации.

Претходно ченовите со „ждрепка“ го избраа Нури Бајрами за заменик-претседател на Антикорупциска во период од шест месеци, а потоа претседателката Ивановска кажа дека Комисијата донела одлука дека нема нема судир на интереси во неговиот избор иако тој е баџанак на спикерот на Собранието Талат Џафери.

Ивановска се повика на член 8 од Законот за судир на интереси според кој под поимот блиски лица се смета сватовство од втор ред, односно тука спаѓаат само родителите и братот или сестрата на брачниот другар. Бајрами кажа дека не крие ништо и побара ова „шоу“ како што кажа, да заврши па да почнат со работа.

„Следете не и држете не за збор, не само денеска и претходно, посебно на денот на именувањето, за мене нема блиски, нема роднини, нема пријатели. Готово, не може никој да влијае. Ако се открие таква работа, намерно, па не е проблем оставката. Не сум тука да правам кариера, при крај на работниот век сум“, рече Нури Бајрами, заменик претседател на ДСКС.

Бидејќи една година не работеше, Комисијата има околу 4.000 заостанати предмети од кои 3.000 се анкетни листови, 80 предмети се за судир на интереси, 60 предмети за испитување дали постои корупција и 30 барања за слободен пристап за информации.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...