Антикорупциска утврди дека постои судир на интереси во предметот за укинување на акцизите за литиумски батерии. Станува збор за предметот против вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седницата на која била усвоена одлуката и не се изземал од вториот дел на постапката, односно учествувал во расправата и давал предлози, пренесе РСЕ, повикувајќи се на извори од Антикорупциска.

Против него беше поднесена пријава по основ на судир на интереси бидејќи присуствувал на седница на Влада каде била усвоена одлуката за намалување на акцизите за литиумски батерии од 15% на нула.

Со оваа дејност се занимава единствено фирма сопственост на Анѓушев.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...