Антикорупциската комисија утврди судир на интереси во случајот со  укинување на царините за „акумулаторите“, бидејќи вицепремиерот Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на владата на која била донесена ваквата одлука. Анѓушев имал приватен интерес.  Антикорупциската го повика премиерот Зоран Заев, да побара одговорност од Анѓушев.

Во писмената реакција, Анѓушев вели дека работи во интерес на државата и граѓаните.

„Во конкретниот случај за намалување на царината за литиум – јонски батерии за акумулатори, уште еднаш потврдувам дека сум поднел изјава со која сум исклучен од постапката на одлучуавње. Не ги знам причините зошто Антикорупциската комисија донесе одлука. Кога ќе добијам писмен одговор од нив, ќе коментирам

Алсат во неколку наврати го покрена прашањето за одговорност при укинувањето на царините за увезување на литиумски батерии. Царината се укина во ноември 2017 година со образложение дека потенцијален инвеститор од Полска, кој бил заинтересиран за производството на електричните автобуси и мотоцикли, тоа го барал. И Анѓушев убедуваше дека  дека немал влијание  во укинување на царинењето, бидејќи не бил присутен на владината седница кога се одлучувало.

Два месеци подоцна, Анѓушев и јавно потврди  дека претходниот закон, кој предвидувал 15 проценти царина, бил погрешен.

Единствената компанија која увезува литиумски батерии за да ги инсталира во електричните возила е „Брако“, фирма во која доминантен сопственик е вицепремиерот Анѓушев.

Укинувањето на царините, за еден месец ја чинеше државата повеќе од 26 илјади евра. Пари кои остнаа на сметката на „Брако“.

Антикорупцијата, пак, не гледа судир на интереси во случајот „Тополки“ и не утврди дека  Анѓушев влијаел  на директното купување на парцелата за изградба на малата хидроцентрала во селото Дреново од страна на неговиот брат. Антикорупциската комисија го затвори и случајот за лидерот на ВМРО ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, за малите хидроцентрали и утврди дека нема судир на интереси бидејќи кога добил дозвола за нив, не бил носител на ниту една функција.

Anesa Salihu

Loading...

Shpërndaj me

Loading...