Илјадници граѓани протестираа пред зградата на Владата во Тирана барајќи заминување на албанскиот премиер Еди Рама. Опозициските демонстранти се судрија со полицијата откако се обидоа да влезат во дворот на Собранието. Полицијата употреби солзавец за да ги растера. Толпата беше растурена, но демонстрантите возвратија со фрлање тврди предмети кон полицијата.

Опозициската Демократска партија на Албанија соопшти дека овие протести ги организираат самите граѓани чие незадоволство долго време се акумулира. Лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша, после протестите најави дека демонстрациите против владата ќе продолжат, се додека, како што рече, секоја улица и секое село, не бидат ослободени од криминалот на власта.

„Единствената пречка е што оваа криминална влада и главниот крадец, веќе 5 недели не може да најде дупка за да се скрие секогаш кога Албанците се обединуваат. Секој ден да се обединуваме и да протестираме, нека им гори под нозе на криминалците. Во Европа се оди само со слободни избори, се оди со ставање крај на неказнивоста на криминалците и политичарите поврзани со нив“, рече Баша.

А, додека во Тирана опозициските партии бараа преодна влада без Рама, премиерот денеска одлучи да остане во градот Берат, каде се сретна со разни тур-операторите. Рама ги отфрли барањата на опозицијата, а денешниот протест на опозицијата го оцени како политички хаос.

„Имаме мандат даден од народот и само народот може да суди дали овој мандат треба да се смени. Дел од оние кои одат на ваквите организирани и оркестрирани протести за потоа тие да завршат со насилство, дел од нив добиваат плати од локалната администрација. Крајно исполитизирани ја извршуваат партиската задача“, оцени премиерот Еди Рама.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...