Резултатите од најновите анкети во Велика Британија покажуваат дека расположението на гласачите е мошне променливо, но оти во секој случај во водство остануваат Конзервативците на актуелниот премиер, Борис Џонсон.

Паријата на власт, како што покажува испитувањето на јавното мислење моментално има поддршка од 37,2% во споредба со Лабуристите предводени од Корбин, кои имаат поддршка од 28,6% од испитаниците.

Споредено со минатогодишните анкети, партијата на Џонсон бележи пад од 2%, што според истражувањето е резултат на задоцнетата реакција на власта по поплавите во неколку региони во Велика Британија. Од друга страна пак, Лабуристите на Корбин бележет зголемување на рејтингот за 4%.

На трето место е партијата на Зелените, со 16,1%, а четврта е Брегзит, на Најџел Фараж, со 9,3%.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...