Граѓаните се поделени во однос на најавите за промена на името на државата. Во анкетата која ја спроведе Алсат, некои велат дека било време да се постигне договор со кој се отвора европската перспектива за земјата, додека многу други сметаат дека промената на името ќе биде штетно за македонскиот народ.

„Како Албанец не би го поддржал ова име, мора да се дебатира. Европската и американската политика нè принудуваат да го направиме она што го правиме“

„Подобро нема. Ова го чекавме. Не треба да се двоумиме, треба да се одлучиме да или не еднаш да, друг пат не – е сега се надеваме дека ќе стане подобро. Дури и ако сакаме друго име, нема да нè слушаат нас. Еднаш засекогаш да се среди, да нема двоумење“

„Добро што е постигнато нешто. Што и да е само да се ослободиме малку“

„Ова е без врска. Застапено е само името на Македонија и идентитетот на Македонците, а Албанците каде се“, велат дел од анкетираните граѓани.

Shpërndaj me