Проблемот со името, лично, е важно или многу важно прашање за 77% од граѓаните во Македонија. За далеку помалку жители на земјава, 20%, прашањето е неважно или воопшто не е важно.

Не само што граѓаните сметаат дека прашањето е важно, туку речиси исто толку, 75%, сметаат и дека треба да се реши веднаш.

Ова се дел од резултатите од анкетата која од 1-ви до 21 март ја спроведе невладината Евротинк, во соработка со агенцијата М-Проспект, а за која се дебатираше во синоќешното издание на емисијата 360 Степени.

Мислам дека овие бројки се резултат на политиките на новата влада, која е многу одлучна во процесот на изнаоѓање на решение на спорот со името и интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО“, оцени Ибрахим Мехмети.

Анкетата бележи и значителен раст на оптимизмот дека Македонија ќе стане членка на ЕУ. Речиси една третина од граѓаните сметаат дека тоа може да се случи во следните 5 години иако тоа е технички невозможно.

Граѓаните не можат сега премногу да анализираат колку време трае овој процес на интеграција на зачленување и слично. Тоа е работа на тие коишто се избрани и коишто тоа им е задача. Граѓаните очекуваат резултати од тоа“, вели Илина Мангова- ИРИ.

Анкетата покажува и значителни разлики во мислењето за договорот со Бугарија. Ако пред само пет месеци, во ноември, позитивен став за него имале 42,8% од граѓаните, а негативен дури 30%, сега позитивен став имаат 49% а негативен помалку од 20%. Интересно е што овој договор, кој беше доживуван како упад во идентитетот, сега се доживува многу позитивно на истокот на Македонија, кога во исто време таму се бележат и најголеми резерви за решение за спорот со Грција.

Не се поврзуваат двете прашања, граѓаните не ги поврзуваат двете прашања. Ги слушаат центрите на моќ или дефамацијата којашто ја добиваат од политичкото лидерство“, рече Андреја Стојковски- Еуротинк.

Анкетата покажува и дека шест од десет жители во Македонија мислат дека ако се одложи решавањето на спорот за името, тоа ќе има последици врз државата. Според етничката припадност, загриженоста е појасно изразена кај Албанците отколку кај Македонците.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...