Најдобрата фудбалерка на Македонија, Наташа Андонова, ќе биде дел од финалето на Лигата на шампиони во женска конкуренција. Таа ќе биде дел од екипата на Барселона, која ќе го предизвика Лион од Франција. Финалниот натпревар ќе се одигра во Будимпешта Унгарија, каде каталонската екипа ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Лион, кој има три наслови во последните пет години и осум финалиња одиграни во Лигата на шампиони. Ова е прво финале за Андонова и за Барселона, која е прва шпанска екипа која успева да стигне до финалето на европската елита, во женска конкуренција.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...