Време е за ручек, а денешниот рецепт е највистина вкусен!

Ролатот Шкотско јајце е многу познат во Англија, и сите туристи и посетители во Обединетото Кралство секогаш се зачудени од овој специјалитет.
Точно е – тој е малку чуден, но со многу богат вкус и најлесен начин да го пробате е да го подготвите дома, освен ако не планирате да ја посетите Британија наскоро.

Состојки

8 големи колбаси
8 јајца
150 грама лебни трошки

Ќе ви треба и:
Сол, бибер и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Сет тави за пица и Сад за сос.

Подготовка

Чекор 1: Започнуваме со вадење на месото од колбасите. Ова е навистина голем неред, но нам ни е потребно мекото мешано месо од внатрешноста за да ги обвиткаме јајцата.

Чекор 2: Варете ги јајцата во топла вода најмалку 6 минути, но и неколку минути повеќе нема да бидат вишок.

Ставете ги во ладна вода и потоа излупете ги.

Чекор 3: Ова е најтешкиот дел. На даската за сечкање ставете пластична фолија и намачкајте ја со малку масло пред да ставите 1/6 од месото и убаво да го размесите. Едно од варените јајца ставете го на средината од месото и со помош на фолијата почнете да го виткате месото околу јајцето. Најверојатно ќе ви остане од месото на краевите па затоа овие делови отсечете ги со нож и внимавајте да ви остане доволно за да можете убаво да го обвиткате јајцето со рацете. Бидете трпеливи, ова е најтешкиот дел.

Чекор 4: Кога ќе бидете задоволни како е месото обвиткано околу јајцето, ролатот ставете го во длабока чинија со 2 изматени јајца и убаво потопете го од сите страни.

Чекор 5: За крај ролатот ставете го и во лебните трошки и ставете го да се пече.

Чекор 6: Доколку сакате врз ролатите можете да ставите и маслиново масло и зачини – месото од колбасите ќе пушти многу масло и сок додека се пече. Печете во рерна на 160 степени 45 минути.

Ролатите оставете ги да се оладат пред ги послужите и исечете ги на пола за да се гледа јајцето.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...