Одложување на плаќањето на ратите за кредити на граѓаните и фирмите ќе има, Уредбата со законска сила за оваа можеби уште утре ќе помине на Владата.

Министерската за финансии, Нина Ангеловска, на денешната прес-конференција појаснуваше како би изгледало одложувањето. Тоа би значело замрзнување на ратити за наредните три месеци.

„Уредбата моментално вели дека секоја банка ќе објави на својата веб страна или ќе го извести секој клиент за поповолната понуда. Ако физичкото лице во рок од 10 дена не се произнесе односно не каже дека ја одбива понудата ќе се смета дека поповолната понуда (замрзнување на ратите за три месеци) е прифатена“, појасни министерката.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...