Новата министерка за финансии Нина Ангеловска пред пратениците се обиде да објасни каде ќе се распределат предвидените пари преку ребалансот на буџетот. Според неа, ќе се обезбедат повеќе пари за повисоки плати во приватниот и јавниот сектор, алоцирање на средства онаму каде што има најголема ефикасност и каде може да се постигнат поголеми економски ефекти.

„Поставените цели за 2019 година целосно се насочени во фукција на постигнување на клучните приоритети на опшетсвото. Повисок раст на платите за раст на еконимија, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот страндард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјлана правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО“, рече Нина Ангеловска- министер за финансии.

Жестоки критики за ребалансот пристигнаа од опозицијата. Кратење на парични средства во образованито, нереализацијата и кратење на парите кај капиталните инвестиции, според опозицијата, ја покажува нефукционалноста на институциите.

„Ако не се реализира гасификација и железничка инфраструктра, овој процент на реализација на капитални инвестиции може да биде и едноцифрен, таму се работи за проекти во коишто порано е почната непосредна реализација. Не случајно и со овој ребаланс кратите 53 милиони евра од капитални расходи во смилсол изградба на училишта, детски градинки студенски домови и т.н, а носите плус 69 милиони евра за тековни расходи. Тоа е така затоа што едноставно инстициите не фукционираат на потребното ниво“, рече Драган Цуклев- пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ангеловска се согласи со опозицијата дека треба подобро да се планира распределбата на средствата за капиталните инвестиции, но за предвиденото кратење на 53 милиони од капиталните инвестици вели дека станува збор за нивно пренасочување онаму каде што било повеќе потребно. Опозицијата обвини и за зголемување на јавниот долг. Државниот долг заклучно со 30 јуни изнесува 4,7 милијарди евра или 38,4% од БДП, додека јавниот долг изнесува 5,3 милијарди евра или 46,6%. За ребалансот има околу 400 пријавени амандмани, а рокот за негово гласање е 10 дена.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...