Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии. Нашата трговија и со Соединетите Американски Држави и со Кина е мала,  вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска која со министерката за финансии Нина Ангеловска учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка (СБ) во Вашингтон.

Осврнувајќи се на прашањето за глобалните трговски тензии и нивните импликации, таа посочува и дека е важно каква ќе биде натамошната состојба, односно дали натаму ќе има смирување или ескалација на тензиите.

– Ефектите врз нашата економија би можеле да дојдат главно преку посредните канали, односно тие зависат од степенот во кој би била погодена европската економија како наш најзначаен трговски партнер и особено од тоа што ќе се случува во германската економија. Германската економија за нас е од голема важност, со оглед на високиот степен на интегрираност на нашата економија во германскиот синџир на производство, нагласи Ангеловска-Бежоска.

Ако се направи анализа каква беше трансмисијата од монетарната политика во нашиот финансиски системспоред гувернерката, се забележува дека во целиот изминат период, финансискиот сектор ги следеше сигналите на Народната банка.

-Како што ние ја намалувавме основната каматна стапка, така и банкарскиот систем ги намалуваше активните каматни стапки, што резултираше со поповолни услови за кредитирање и зголемена побарувачка и од страна на корпоративниот сектор и од страна на населението. Секако тоа значеше и значајна поддршка за економскиот раст кај нас, посочува Ангеловска-Бежоска.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...