Најавената утрешна средба меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, според експертите Дарко Малиновски и Љупчо Ристовски, нема да го донесе очекуваниот епилог за надминување на разликите околу името. Сепак, тие очекуваат средбата да резултира со патоказ како ќе се одвива процесот на преговори во наредниот период.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на Заев дека нема да биде крај на светот ако нема решение за името до Самитот на ЕУ во јуни, Ристовски оценува дека премиерот почнал да ја подготвува јавноста, не само за успех, туку и за евентуален неуспех на преговорите. Малиновски пак, коментира дека сè уште се потребни напори за да се најде решение кое би овозможило пробив во евроатланската агенда на земјава.

Анеса Салиу

Shpërndaj me