Францускот преседател Емануел Макрон со последната изјава во весникот Економист ја врати надежта дека на Самитот во Загреб на пролет Македонија може да го добие датумот за почеток на преговорите, доколку Брисел и Скопје спроведат реформи. Универзитетскиот професор по меѓународно право, Митко Гаџовски, на наредниот самит очекува на Македонија да ù биде вратено одземеното во Брисел.

„…Ние бевме колатерална штета бидејќи бевме во пакет со Албанија за којашто одредни земји членки имаа многу повеќе забелешки дури и од Франција, така што мислам дека наредниот период којшто следи ќе биде поповолен период и дека вратата за Македонија е сè уште отворена за почеток на преговори и јас сум оптимист по тоа прашање“, рече Гаџовски.

И аналитичарот Селим Ибраими е на иста линија. Очекува датум за почеток на преговорите.

„Мислам дека оваа репозиција на Франција може да донесе нешто позитивно за Македонија и за Албанија со цел двете земји да одат во пакет односно да добијат датум следната година. Ако Макрон се позиционира во друга геополитичка форма, тоа ќе има последици не само за Баканот, туку и за Западна Европа. На Русија би ù се оставил голем геополитички простор да интервенира на Балканот и во Европа како и да се соочи со земјите кои не се согласуваат со политиката на Русија. Затоа мислам дека Макрон се движи порационално од тоа што се случи пред еден месец“, вели аналитичарот Селим Ибраими.

За екс-амбасадорот Љупчо Арсовски поделеноста на земјите-членки на Унијата околу добивањето на датумот, во блиска иднина ќе биде надминато.

„Се очекува усогласување на политиката меѓу европските држави, ако не, тогаш ќе ими криза… Ако се чита последната изјава на Макрон дава позитивен сигнал. Но, секако дека ќе треба да се завршат дел од домашние задачи“, вели Арсовски.

Инаку, Макрон за Економист рече дека неговата земја би дозвлила старт на преговорите доколку во следните месеци и Унијата и државите-кандидати спроведат потребни реформи. „Но, потоа не сакам никој повеќе да влегува во членство додека не ја реформираме ЕУ“, нагласи Макрон.

Весна Велкова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...