Американски авион Ф-16 доцна синоќа, најверојатно по грешка, фрлил бомба за време на воена вежба над Јапонија. Бомбата била фрлена недалеку од базата Мисава, а паднала во селото Аомори. За среќа муницијата била лажна и не е причинета сериозна  катастрофа.

Авионот полетал од американската база Мисава во среда вечерта, а бомбата ја „загуби“ над селото Аомори, додека летал кон полигонот за вежби, потврдила американската војска.


Како што се наведува во извештаите, бомбата била фрлена пет километри подалеку од воениот полигон.

Причината за инцидентот се истражува, а јапонската влада веќе е запознаена со деталите.

Нема дојави за повредени лица и за причинета материјална штета.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...