Пратеникот и лидер на Сојузот на ромите во Македонија, Амди Бајрам кој досега беше во коалиција со ВМРО –Д ПМНЕ на Никола Груевски, одлучи да го прекине бојкотот на Собранието и да се врати, но изрази желба да и се придружи на парламентарната група на ДУИ. Бајрам кој е познат по обвинувањата, навредите и тешките закани во минатото упатени кон СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, сега сака да се придружи на ДУИ.

Има шанси со ДУИ, ќе видиме, во моментов размислуваме и не можам ништо да кажам, да видиме како ќе се развиваат работите. Ако најдеме заеднички јазик ќе може.“ – вели Амди Бајрам, Сојуз на Ромите

Од друга страна, координаторот на парламентарната група на ДУИ, Ејуп Алими рече дека Бајрам има право да работи само како независен пратеник.

Досега немаме такви информации. Амди Бајрам не може да биде дел од парламентарната група на ДУИ. Тој може да дејствува како независен пратеник, но не и како наш пратеник.“ –гласи ставот на ДУИ

Според информациите на Алсат, Амди Бајрам претходно праќал сигнали и до СДСМ за да стане дел до нивната пратеничка група или да го поддржи мнозинството. Но, не добил одговор поради неговите тешки зборови упатени кон социјалдемократите и кон самиот Заев кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Во минатото Амди Бајрам неколку пати ги менуваше страните во зависност од тоа која македонска партија е на власт, СДСМ или ВМРО. Но, во овој случај кога власта се соочува со тесно мнозинство, гласот на Бајрам евентуално би бил добредојден во секое време.

Анеса Салиу

Loading...

Shpërndaj me