Американската амбасадорка Микаела Шфајцер Блум и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска им помогнаа на локалните власти да го исчистат отпадот на улиците на Скопје. Францускиот амбасадор испрати порака дека одговорноста за зачувување на животната средина е на сите граѓани.

“Јас сум тука за почист град, ова е нешто за што треба да се грижат сите граѓани”, изјави амбасадорот Тимоние.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, рече дека чист град заслужуваат сите граѓани и додаде дека секој од нив треба секојдневно да се грижи за тоа.

Вклучен во акцијата за почист град беше и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој ги повика своите колеги политичари дека треба да користат вистински метли и да се соочат со овој реален проблем на граѓаните.

“Бидејќи метлата влезе во високата политика, би сакал да им се обратам на политичарите дека треба да се фатат и за оваа вистинска метла и да се справат со вистинските проблеми на граѓаните”, рече Османи.

Во денешната акција организирана од Комунална Хигиена и Град Скопје беа вклучени и ученици, студенти, директори, вработени во јавни претпријатија, градоначалници, високи владини претставници. Директорот на ЈП “Комунална Хигиена”, Абдулсамед Шабани, рече дека оваа иницијатива ќе продолжи и понатаму со прочистување на дивите депонии низ градот Скопје.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...