Измените во Законот за надворешни работи со кои се предлага амбасадорите да можат да имаат двојно државјанство, не можат да ја поминат матичната Комисија за надворешни работи. Иако се на дневен ред комисијата постојано се одложува.  Неофицијално претседателот на комисијата Антонио Милошоски не ја закажува бидејќи во неформални разговори со дел од членовите му било посочено дека на два дена пред распуштање на Собранието не било  пожелно да се прават парцијални интервенции по било кој закон вклучително и во Законот за надворешни работи.

Подносителите на измените Артан Груби од ДУИ и Јулијана Николовска од СДСМ предлагаат  новите амбасадори да можат да имаат двојно државјанство, но да не можат да ја извршуваат амбасадорската функција во земјата од каде им е второто државјанство.

„Тргаме од она – еднакви можности за сите.  Доколку би можел да биде пратеник,  министер , претседател – личност со двојно државјанство тогаш не гледаме зошто би било и амбасадор, која секако прилично е конзервативна професија деликатна, но меѓутоа сите други професии кои имаат допир со сензитивни информации може да се има двојно државјанство, сметавме дека ова е добар предлог и го поднесовме до Собранието“, вели Јулијана Николовска.

И на денешната Законодавно правна комисија членовите не расправаа бидејќи Законот не ја поминал матичната комисија.

„Свикана за 12. О2. 2020 година во 12 часот во сала 4 на собранието и истата се  симнува од дневниот ред бидејќи веќе се наоѓа на седница“, рече Соња Мираковска, претседател на законодавно правна комисија.

Со постоечкиот закон за надворешни работи амбасадори можат да бидат лица само со македонско државјанство.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...