Слободните патувачи и алтернативниот туризам се во фокус за привлекување на поголем број на странски туристи во земјава. Со промоција на  винскиот и банскиот туризам се очекува да се зголеми бројот на странски гости наредната година. Од Агенцијата за промоција на туризмот велат дека оваа година бројките се добри, но прогнозите за следната година се драстично зголемување на бројот на посетеност на земјава. Според нивните очекувања за 2020 година, околу 1,3 милиони стански гости ќе решат да ја посетат земјава.

„Ќе бидеме сто процентни онјалн на најпосетените поратали, секако комуницираме и со блогери зошто очекувме следната година да не посетат повеќе слободни патувачи. Зошто говориме за слободни патувачи според светската туристичка организација 52 отсто биле слободните патувачи, односно биле резервирани последните две недели. Тоа доволно ни покажува дека нашата земја е можеби последна неоткиена дестинација во Европа“, рече Љупчо Јаневски- директор на Агенција за промоција на туризмот.

„Бројките се добри и за оваа година. Имаме зголемување кај ноќевањата и на домашните и на странските туристи за 4,8 се зголемни. Она што очекуваме процентот на учество во БДП кој лани беше 1,7 отсто, годинава до 2, 2,5 отсто да стигнеме, а целта е до 2023 година да го подигнеме на 5 отсто учество од туризам“, рече Зоран Павловски- државен советник од министерство за економија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...