Партијата Алтернатива на Африм Гаши ја промовираше платформа за запирање на миграцијата на младите луѓе во странство. Според Гаши, загрижувачка е неодамнешната анализа на институциите и податоците за големиот број млади кои ја напуштаат Македонија во потрага по подобар живот. Тој вели дека би било успех ако активистите на партијата, спречат макар и еден човек да се исели оттука. (Изјава)

За нас како партија овие бројки од меѓународните институции, но и од нашиот контакт со граѓаните се крајно загрижувачки, така што не сакавме да седиме со затворени очи и да бидеме рамнодушни кон овој проблем. Ќе излеземе на терен и ќе разговараме со секој граѓанин. Јас би бил среќен ако само еден човек, еден млад човек би можеле да го запреме, тогаш би ја сметал оваа мисија за успешна -изјави Африм Гаши – Претседател на Алтернатива.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...