Министерствата и институциите побараа од Владата оптимистички суми за проектите кои се во план за реализација догодина, но од Илинденска наидоа на сериозни кратења на нивните проекции. Алсат дојде до драфт верзијата на предлогот буџетот за 2020 година.

Министерство за транспорт и врски

– Надградба и реконструкција на управна зграда

– Водовод и канализација за општините

– Проект за водоснабдување и одведување на отпадни води

– Водовод и канализација – Визбегово

– Инвестиции во железничката инфраструктура

Според документот, Министерството за транспорт и врски според неофицијалнот буџет, за изградба на водовод и канализација за општините, гасификација, инвестиции во железничката инфраструктира побарало 90 милиони, а ќе добие 82 милиони евра.

Од побараните 24 милиони евра, Министерството за здравство добило на располагање 22 милиони евра. Парите планираат да ги трошат за изградба на долгоочекуваниот клинички центар во Скопје и за новата болница во Штип. Освен изградба на нови, од здравство планираат и реконструкции на дел од постоечките здравстени објекти и набавка на медицинска опрема.

Министерство за здравство

– Реконструкција и доградба на објектите на ЈЗУ

– Медицинска опрема

– Амбуланти во рурални подрачја

– Општа болница Кичево

– Изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип

Министерството за образование и наука добива пак речиси 7 милиони евра помалку од побараните пари за инвестиции во образованието. Со буџет од 17 милиони евра планира изградба на нови и реконструкција на основни и средни училишта. Изградба на спортски сали како и реконструкција на студентски домови.

Министерство за образование

– Изградба на основни и средни училишта

– Реконструкција на основни училишта

– Изградба на училишни спортски сали

– Изградба и реконструкција на студентски домови

Најмногу пари традиционално се планира да имаат министерствата за труд и и за финансии со над 800 милиони евра. Официјалните податоци за  државната каса веќе доцнат бидејќи Владата реши наместо на вчерашната седница, за буџетот за 2020 да расправа на идниот владин состанок. Податоците до кои дојде Алсат подлежат на промени, но како и да е се очекува буџетот за идната година да биде досега најмегаломански и да достигне речиси четири милијарди евра.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...