Алијанса за Албанците обвинува дека на местото на Албанците во институциите се вработуваат Македонци. Од партијата велат дека документот кој го обезбедиле, јасно покажува дека во детската болница „23 Ноември“ во Скопје работните места за еден Албанец и еден Ром ги зазеле двајца Македонци. Алијанса смета дека со ова, Министерството за администрација и информатичко општество направила злоупотреба на таканаречениот систем „Балансер“ кој има за цел да го среди проблемот со еднаквата застапеност на Албанците во институциите.

„На предвидените места според познатата метода „Балансер“ тие работни места биле предвидени за еден Албанец и еден Ром. Но, како Ром бил вработен Влатко Колчиновски, а како Албанец, Томислав Јанкуловски. Јас не сум слушнал досега некој Томислав Јанкуловски да биде Албанец. Ова е доказ кој покажува дека се манипулира со работните места и на тие места каде се предвидени да се вработат Албанци и припадници на другите заедници, реално се вработуваат Македонци“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...