Еден ден откако премиерот Заев ги отфрли шпекулациите дека наводно побарал да влијае во органите на правдата, првиот човек на Сарај, Блерим Беџети е недостапен за да ги искоментира ваквите деманти од премиерот. За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, влошувањето на односите помеѓу Беџети и Заев, ќе се надмине наскоро. Сепак, Заев по сè изгледа не е единствениот со кого Беџети има лоши односи. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска рече дека нема лоши односи со Беџети, иако според него, градоначалникот на Сарај потврдил дека има проблем со Шилегов.

Шилегов додава дека барањето за спроведување на законот не може да се нарече притисок и оти Матка е природно богатство кое им припаѓа на сите граѓани и така треба да остане. Од партијата на Зијадин Села пак, Алијансата за Албанците, денеска искоментираа дека последните настани само потврдуваат дека коалицијата ДУИ – ВМРО е сè уште жива.

Алијанса за Албанците:

„Парадоксално е вие да барате негова помош и кај ДУИ, за реформирање на системот на правда, токму од оние кои ја донесоа правдата во мизерна состојба, без трошка доверба и кредибилитет. ДУИ и понатаму ги штити сите функционери на ВМРО и блиските, со што нè тера да веруваме дека оваа коалиција е сè уште активна. Исто како кога не дозволија да му се одземе мандатот на Трајко Вељановски за ‘27 април’, исто како пред неколку дена кога не дозволија да биде разрешен претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.“

Комисијата за спречување на корупцијата побара градоначалникот Беџети да биде кривично гонет поради непостапување околу барањата за легализација на дивоизградените платформи на Матка. Според комисијата, тие не може да бидат легализација, но и покрај тоа, Беџети не ги одбил барањата, држејќи ги во фиока. Незадоволен со ваквата констатација на антикорупционерите, Беџети најави тужба против нејзините членови, оценувајќи дека оваа одлука е донесена како одмазда од премиерот Заев.

Бесиан Лека

Loading...

Shpërndaj me

Loading...