Алијансата за Албанците ја обвини ДУИ за злоупотреба на администрацијата поради вчерашната средба во седиштето на ДУИ меѓу функционерите на оваа партија и вработени во царинската управа. Алијанса наведува дека ДУИ врши притисок врз вработените во администрацијата пред предвремените парламентарни избори. Портпаролот на партијата Флакрон Беџети бара од административците да не подлегнуваат на таквите притисоци.

„За нас како Алијанса ова претставува скандал без преседан. Политички функционери со државни функции вработените во царинската управа ги канат во партиското седиште на ДУИ за да ги кажат нивните проблеми, а не во нивните службени државни канцеларии. Дека ДУИ ја заробила државата и институциите говори сликата со цариниците Албанци вработени во чувствителен сектор и кои треба да и служат на државата, на царината, на граѓаните, а не да бидат користени како партиски војници за партиски цели. Ги повикуваме вработените во администрацијата да не дозволат да бидат манипулирани од ДУИ за нивни цели, туку нивните функции да ги стават во служба на граѓаните, на институциите, а не во служба на ДУИ“.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...