ВМРО-ДПМНЕ официјално побара од Собранието да побара од Владата да предложи Закон за ратификација на Конечниот протокол за членство во НАТО. Според партијата на Христијан Мицкоски, власта се обидува да ги одложи предвремените парламентарни избори кои се договорени за 12 април со жртвување на членството во НАТО. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, бара Конечниот протокол да се изгласа на 11 декември. Според него, ДУИ се обидува да ги одложи изборите за Албанците да не можат да гласаат.

„НАТО да не биде мета на некои политички чинители кои сакаат да го одложат датумот на изборите закажани за 12 април. Ние сме свесни зошто го бараме тоа. Го искористуваат овој момент за да достигат што е можно помалку граѓани да бидат присутни на 12 април тука. Нашиот политички противник беше најгласен во овој поглед, земајќи го НАТО како причина за да го одложат 12 април. Најверојатно тие се исплашени да видат премногу Албанци. На 12 април ќе има многу Албанци кога ќе пристигне и дијаспората“-изјави Зијадин Села, Алијанса за Албанците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека иницијативата е доставена на погрешна адреса, па ќе биде упатена до Владата.

„Член 188 вели дека надлежност на Владата е да предлага и иницира донесување на закони за ратификација на меѓународни договори. Формално, сè додека мене ми се доставува документ, а тоа не е надлежност на Собранието, процедурална обврска е таквиот чин, што и да е да се адресира до надлежниот орган, во овој случај до Владата за разгледување на барањето на пратениците”-рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Опозицијата бара Конечниот протокол за членство во НАТО да биде одобрен, земајќи ја како пример Црна Гора. Експертите сметаат дека ова не е уставен проблем, но оти во предлог-законот треба да се утврди дека досега протоколот е ратификуван од сите земји, со исклучок на Шпанија, која сè уште нема функционално Собрание после изборите. Минатата недела, вицепремиерката Радмила Шекеринска изјави дека изборите на 12 април може да бидат одложени доколку може да го нарушат зачленувањето во НАТО.

Адријан Керими 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...