Репрезентацијата на Алжир е втор финалист на Африканскиот куп на нациите откако  забележа тешка победа од 2:1 над Нигерија во полуфиналето.

Големиот херој за Алжирците беше ѕвездата на Сити, Ријад Марез, кој го постигна победничкиот гол во петтата минута од дополнителното време на натпреварот.

По победата, Алжир во големото финале ќе се соочи со Сенегал, кој во првиот натпревар вчера го совлада Тунис.

Натпреварот ќе се одигра на 19 јули, петок, од 21 часот по македонско време.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...