Специјалната полициска единица „Тигри“ е херметички затворена за Албанците. 17 години по завршувањето на оружениот конфликт во оваа единица нема ниту еден Албанец. Но, тоа не го загрижува министерот Спасовски. За него, поважен е квалитетот отколку застапеноста на заедниците.

Вториот човек на полицијата призна дека недостигот на Албанци во елитните единици е поради нивната етничка припадност. Но, тој вели дека од идната година во единицата „Тигри“ ќе се примат Албанци.

Не можам да навлегувам кај причините, но сигурно имало разни причини без да се исклучат и предрасудите врз етничка основа. Ветувам дека од следната година сигурно ќе имаме Албанци“, изјави Агим Нухиу- заменик/ министер

Освен кај полициските „Тигри“, Албанци нема ниту во воените специјални единици. Кај „Волците“, нема ниту еден припадник на албанската заедница, додека кај „Ренџерите“ се застапени со само 0,3%. И кај „Шкорпиони“, Албанците не се воопшто застапени или се во многу мал процент.

Елмедина Алији

Shpërndaj me