Обвинителството за тешки злосторства во Албанија побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Но, со прифатената пресуда од судот, на Тахири автоматски му се намалува една третина од казната. Затоа тој ќе биде осуден на осум години затвор. Поранешниот министер е обвинет за трговија со наркотици во Италија. Според обвинителството, Тахири, заедно со поранешниот директор на полицијата во Валона, Јаелд Цела, кој се бара од полицијата повеќе од една година, им пружале заштита на шверцерите.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...