Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по објавувањето на извештајот на кредитната агенција „Фич“, за 2019 година, според кој, Албанија е со влошен рејтинг на нивото на перцепција на инвеститорите. Тој рече дека ова се должи на „длабоката политичка криза во земјата“ и смета дека под итно треба да се обнови политичкиот дијалог меѓу партиите. „Затоа е потребно под итно да се воспостави политички дијалог и соработка. Инаку, не само што се оневозможува отворање преговори со Европската унија, туку нашата земја многу повеќе ќе ја изгуби довербата на сериозните странски инвеститори“, рече Мета.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...