Во велешката гимназијата “Кочо Рацин” не е обезбеден минималниот број ученици за единствената паралелка на албански јазик. Според резултатите објавени денеска, само 33 ученици- Албанци се пријавени во првиот уписен рок, а 17 од нив ги имале потребните 60 бода за да бидат примени. За една паралелка да функционира мора да има најмалку 25 ученици. Директорот на Гимназијата, Гоце Алексовски, вели дека сега треба да побара дозвола од локалната самоуправа дозвола за паралелка со 17 ученици, под услов бројот да не се зголеми во наредните двата рока.

Според него се зголемува бројката на ученици, независно од етничката припадност, кои го завршуваат основното образование. Вели дека има многу ученици кои одат во училишта во други градови. Не му се јасни причините за оваа одлука, зашто како што вели, училиштето со кое раководи е меѓу 4те најдобри на државно ниво. Но, причините ги кажуваат родителите – не сакаат да зборуваат пред камерите, но го споменуваат недостатокот на професорски кадар што би предавал на албански јазик. А дека имаат потешкотии признава и  директорот.

Еден од нив е професорот по математика Илир Незири, кој се буди во 3 часот наутро, за со воз да патува од Прилеп до Велес. Дури и транспортот го плаќа сам.

Кога сме претпладне, навистина е многу тешко за мене, бидејќи најголеми проблем е патувањето. Многу ме исцрпува патувањето. Се будам рано во 3.30 за да се подготвам. Во 4.15- е возот и стигнам тука во 5:30 часот. А наставата почнува во 7:15 часот”, изјави Илир Незири , професор по математика во “Кочо Рацин” – Велес.

Друго објаснување за нискиот број на кандидати е фактот што некои од учениците не продолжуваат во средно училиште, иако е законска обврска. Ова, главно ова се случува со девојчињата-ученици. Минатата година од Горно Јаболчиште, кое има околу две илјади жители, аплицирала само една девојка-ученик.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...