Поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири, осуден е на условна затворска казна во траење од три години поради злоупотреба на службената положба, откако судот ги отфрли наводите од обвинителството со кои Тахири се поврзува со криминална мрежа осомничена за криумчарење големи количества марихуана.

Кривичниот суд во Тирана на 49 годишниот Тахири му изрече затворска казна во траење од три години и четири месеци, но потоа ја замени со условна.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...