Албанската опозиција денес протестира пред Министерството за внатрешни работи. Се бара оставка од министерот Фатмир Џафај чиј брат е осуден на 7,2 години затвор во Италија за недозволена трговија со дрога.

Демонстрантите фрлаа јајца кон зградата на Министерството и се обидоа да го пробијат полицискиот кордон за да влезат во зградата.

Протестот кулминираше откако медиумите објавија дека албанскиот премиер не помислува да го разреши Џафај.

 

 

Shpërndaj me