Во обид да се спречи ширењето на коцкањето и хазардот, албанската влада донесе одлука за дислоцирање на казината надвор од градовите. Премиерот Еди Рама нагласи дека крајниот рок за пренесување на објектите е 31 декември 2018 година. Оние што нема да постапат според законот, ќе се соочат со казни.

Премиерот на Албанија исто така ги предупреди и медиумите да престанат со рекламирање на обложувањето, или во спротивно “ќе бидат присилно затворени”.

Loading...

Shpërndaj me