Осумтте пртаеници од ВМРП-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени, промената на уставното име – ова беа само дел од маските кои предизвикаа интерес на годинешниот Вевчанскиот карневал. Вевчанци се пошегуваа и на сметка на минимална плата од 500 евра, Законите за родителски додаток. Во Вевчани беше и комисијата за доделување на Нобелова награда на премиерот Заев, а дојдоа и трите Специјани јавни обвинителки заедно со бегалецот Груевски. Порачаа – дишете чисто со новите филтер мустаќи, „Макрадули“.

„Маската доволно говори самата за себе, граѓани на Република Северна Македонија. Зелени сме затоа што сме зелени во умовите. Рогови затоа шти ни набија рогови. Сиџимот бидејки до сиџим дојдовме“, вели еден учесник во маскенбалот.

„А, бомби имаме за сите.Тука ги имаме Фатиме и Ленче. Имаме и 1 евро за Вице и така натака“, додава едно од маскираните лица.

Жителите на Вевчани сепак го послушаа апелот на локалните власти да избегнат маски кои би предизвикале навреди по етничка и верска основа.

„Денес сум сигурен дека ќе се смејам од тоа  што ќе го гледам, но знам дека навечер сигурно ќе се замислам.И ова е дел од критиката.И нормално е власта да биде критикувана.Тоа е демократика и затоа е власта за да биде критикувана.Критиката може да направи само подобра власт, ако не треба да биде сменета“, изјави Дамјан Манчевски-министер за информатичко општество.

„Ние не учествуваме во изборот на маски.Тоа постојано се прави тајно.Ние може само да апелираме.Меѓутоа немаме увид во маските и можеме само да апелираме да нема такви маски поврзани со животни и други како во минатото“, рече Сашо Јанковски-градоначалник на Вевчани.

Ниските температури и снегот не беа причина голем број на посетители но и политичари да го проследат карневалското дефиле, неизбежен декор беа  и трите традиционални маски,„зетот и невестата“, „Глупавиот Август“ и музичарите. Карневалот кој последните години добива на масовност  и се смета дека е стар околу 1400 години  завршува утре со палење на маските на сред село.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...