Државата само декларативно се залага за правата на жените, а реалноста во социјалната, економска и политичка нееднаквост со мажите е огромна, порачаа граѓанските активисти, на денешниот „Марш за 8 – ми март“.

Нивните податоци покажуваат дека во 43 општини се уште нема гинеколози, а 60 насто од жените се неактивни на пазарот на трудот, иако се високо образовани. Поразителните податоци бараат реакција од властите, со системска заложба да ги унапредат женските права.

„Овој 8 – ми март ништо не е сменето. Дали до следниот 8-ми март жените ќе можат да ги остварат своите права непречено, дали ќе престане незаконската наплата на матичните гинеколози, дали ќе се стави крај на малолетничките бракови и дали конечно ќе се зголеми бројот на вработени Ромки“, рече Салија Бекир Халим –  Иницијатива на жени Ромки од Шуто Оризари.

Со потешки проблеми и невидливост од локалните власти се соочуваат жените кои живеат во руралните средини, рече Ангелина Пармачка, член на Националата федерација на фармери. Таму невработеноста е висока и влегуваат во категорија на семејни неплатени работници, и покрај тоа што по цели денови работат на нивите и фармите. Затоа бараат од Владата да обезбеди сет мерки за зголемена можност за вработување.

„Нееднаквата распределба на ресурси, доминацијата на традиционалните норми, неостварувањето на право на сопственост на земјоделски имот, околу 64 насто од руралните жени не се активни на пазарот на труд, а најголема причина е негата на семејството, негата на децата, неплатената работа во домаќинствата и семејните фарми“, рече Ангелина Пармачка – член на Национална федерација на фармери.

Граѓанските организации не ја криеја и разочараноста што во Собранието се закочени Законот за заштита од дискриминација, Законот за прекин на бременоста и Законот за социјална заштита. На маршот се појави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која на прашањето за законските решенија рече дека очекува ќе бидат усвоени наскоро, со што ќе се овозможи поинаков стандард на живеење и на жените и на маргинализираните заедници.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...