Креативноста е најважен ресурс во 21-виот век, а стручњаците го потврдуваат тоа. Сепак, таа потребна креативност е потисната од моќта и влијанието на модерната технологија. Информациите се движат брзо, но ги има премногу, а најчесто не ни успеваме да ги користиме на вистинскиот начин. Се таложат неважни информации, од сите страни – не само преку образовниот систем.

Децата најмногу страдаат од новиот модерен свет, тргнувајќи од фактот дека патот кон креативно битие е играта – онаа старовремската и незаменлива игра во чекор, трчање и скокање.

Низ игра детето го запознава светот. Низ игра детето се подготвува за возрасниот живот што му следи.

„Тоа некогаш било сосем нормално, детето да трча од утро до мрак преку камен, преку поток, преку гранки и ја проценува должината на скокот како нешто што мора да го стори. Притоа држи рамнотежа, мозокот постојано му работи и мора да размислува – е токму тоа е вистинската игра, така се развива мозокот.“ –вели Ранко Рајовиќ, автор на програмата “НТЦ систем на учење“.

Токму затоа се препорачуваат што повеќе игри во природа, училиште или градинка. Токму затоа училишните предмети како физичко, музичко и ликовно образование се најважните предмети до 12 годишна возраст. Овие предмети му овозможуваат на детето поширока перспектива, простор за имагинација и фантазирање, а тоа е основата на креативниот ум.

„Важно е да се игра, без разлика дали со возрасни, врсници, со различни играчки или предмети како замена на играчки.“ –вели Љубица Бељански Ристиќ, раководител на програмата “Школигрица“.

Пример за моќта на детската имагинација и креативност е уметникот Растко Чириќ кој изјавил дека сосем случајно пронашол негови детски цртежи кои подоцна ги илустрирал и нацртал без да биде свесен дека мотивот и идејата потекнала од неговите најрани години.

Важноста на детските цртежи ја потврдува и Урош Петровиќ кој вели дека токму таа игра од детството, низ цртежи му помага полесно да памти и создава интересни приказни и прашања додека комбинира слики и зборови. Вели дека децата така учат да размислуват. Воедно, тој е писател и коавтор на програмата “НТЦ систем на учење.“

Пораката кон сите родители е: Ако сакате креативен свет, дозволете им на децата да си играат, поддржете ги нивните замисли, дозволете им да се изразат на свој начин и да фантазираат. Бидејќи вонредните нешта се раѓаат токму тогаш – во детството.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...