Хани: Членот 11 избришан уште во 2009 ...
Тахир Хани од ДУИ во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“, што се емитува на Алсат, ги анализира точки...
Прочитај повеќе...Пржискиот договор му пречи на бизнисот во земјава нормално да фунционира. Во моментов непходна е добра бизнис клима и водење вистински дијалог за секое прашање со бизнисот, а не изместување на нормалното функционирање. Токму тоа се случува со одредбата од Пржинскиот договор, пред избори да мора да се формира техничка влада, велат од Стопанската комора на Македонија.
„Поставуваме прашања до кога ќе имаме спроведување на одредбите на Пржинскиот договор и некаква неприродна ситуација три месеци пред изборите да формираме некои посебни влади со дополнителни заменици, со не знам нови премиери итн? Сè е тоа изместување на реалноста и на нормалното функционирање. Значи, ако било така, надмината е ситуацијата и треба точно да се каже до кога тоа ќе важи за да имаме предвидливост“, рече Бранко Азески – претседател на Стопанската комора на Македонија.
Сепак, според Азески предвидените владини проекции за економски раст за следната година се остварливи, но не се доволни за да се подобри стандардот.
„…Нема да биде година во којашто сигурно ние ќе достигнеме резултати коишто ги очекуваме долги година на раст меѓу 5 и 7 отсто во три годишен период за да се поднигне нивото на животниот стандард“, додава Азески.
Инаку, денеска претставници на бизнисот во земјава учествуваа на самитот на бизнис-платформата „Македонија 2025“ кој почна вчера во Скопје. На него има над 400 учесници од 60 земји.
Андреа Чобанова
Тахир Хани од ДУИ во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“, што се емитува на Алсат, ги анализира точки...
Прочитај повеќе...Поранешниот претседател Иванов, со своите помилувања даде амнестија и навлезе во надлежностите на Собранието, ...
Прочитај повеќе...Законодавно правната комисија очекува Уставниот суд да ја разгледа одлуката и да не го толкува членот 11 од За...
Прочитај повеќе...Претпријатието „Паркови и зеленило“ во соработка со Град Скопје развиваат стратегија за заштита од оштетување ...
Прочитај повеќе...