Граѓаните да не стравуваат, 5Г технологијата по ниту еден основ не е штетна по човековото здравје, уверуваат од Агенцијата за електронски комуникации. По најавата за поставување на оваа технологија, на глобално ниво граѓанските здруженија отворија прашања и барања прво да се испита влијанието на оваа технологија, а  потоа да се воведе. Граѓаните и кај нас со голем број поплаки до АЕК за 5Г технологијата.

„Во медиумите можете да прочитате разни вести дека 5Г технологијата е забранета заради штетноста и.т.н. но сето тоа се шпекулации. Апсолутно нема основа да се грижат граѓаните од такви нови технологии. Впрочем и тоа сакаме да го покажеме, секојдневно добиваме мејлови, пораки од граѓани да вршиме мерење и сите тие шпекулации во медиумите придонесуваат кај граѓаните да се создаде една несигурност, дури и за постоечките базни станици“, рече Сашо Димитријовски- директор на АЕК.

За да стане реалност оваа технологија во земјава, наредниот перод ќе треба да се направи промена на регулативата и да се мапираат постојните мрежи, велат од АЕК.

„За реална имплементација ќе мора да се почека уште некое време. До крајот на следанта година агенцијата ќе ги објави тендерите за 5Г, се надеваме дека до крајот на годината тој процес ќе се заврши, после останува на операторите кога ќе бидат спремни да го имплементираат“, додава Димитријовски.

5Г означува петта генерација на мобилната комуникација. Со неа значително ќе се зголеми брзината на пренос на податоци. Истовремено, со нејзиното воведување би требало да се намали доцнењето, потрошувачката на енергија и цените.

Андреа Чобанова

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...