Капитенот на загрепски Динамо, Аријан Адеми веќе е незаменлив дел од македонската репрезентација и годината која што изминува ќе ја памети по континуираниот настан за „црвено-жолтите“.

Во интервју за хрватските медиуми, Адеми се осврна на својата одлука да игра за Македонија, а не за Хрватска.

„Моjaта врска со Македонија е силна. Кога ја одбрав македонската репрезентација бев свесен дека повеќе нема назад. Сега може да кажам дека воопшто не жалам. Секогаш со радост и среќа одам на собирите на репрезентацијата во Скопје“, рече Адеми.

Ова лето неколку клубови сериозно беа заинтересирани да го доведат Адеми во своите редови, најзагреани беа француските клубови, но македонскиот репрезентативец се одлучи да остане и да го предводи Динамо Загреб во групната фаза на Лига Европа.

Извор: гол.мк

Loading...

Shpërndaj me