Шпанскиот голман, Адриан Сан Мигуел, јунакот на Ливерпул во Суперкупот на Европа против Челзи, изјави дека е пресреќен откако во 33-тата година од животот го освои првиот трофеј во кариерата, заблагодарувајќи им се на соиграчите за „лудата недела“.

Некогашниот чувар на мрежата на Бетис и Вест Хем дојде на Енфилд пред само 10 дена. Ненадејно доби шанса против Норич, на стартот на Премиер лигата, после повредата на Алисон Бекер и против Челзи во Истанбул имаше неколку прекрасни интервенции, вклучувајќи ја и одбраната на пеналот на Тами Ебрахам во пенал серијата.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...