Министерот за образование, Арбер Адеми во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, вели дека врз основа на информациите добиени од Министерството за информатичко општество, целата територија на Македонија е покриена со Интернет.

Адеми кажа дека веќе е воспоставен систем за комуникација преку кој надлежните институции ќе бидат информирани од релевантни извори за пречките со кои семејствата можат да се соочат при учење од далечина. Тој рече дека ќе им помогнат на семејствата кои можеби немаат компјутер или паметен телефон, но не даде конкретен одговор за семејствата кои можеби немаат пристап до Интернет во нивните домови. Според него, предизвик е, но и приоритет е да се продолжи со образовниот процес.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...