Роковите за полагање на државната матура може да ги поместиме во јули наместо во јуни. Тоа е предлог на Државниот испитен центар, но засега не сум одлучил да правиме измени и дополнување во календарот  зашто не знаеме колку ќе трае оваа состојба. Во зависност од околностите, ќе преземеме чекори, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми претпладнево во гостување во емисија на Канал 5.

-Во нормални, редовни околности, требаше да се организира во јуни, но тие рокови ние може да ги поместиме во јули. Дај боже час поскоро да заврши оваа состојба со која се соочуваме сега, но нема простор за загриженост зашто ние можеме да направиме измена и дополнување на калнедарот на организирање на учебната година за сите јавни средни училишта. Така ќе се дефинира и кристализира датумот за државната матура. Ако не во јуни, ќе биде во јули. Веќе имам таков конкретен предлог од Државниот испитен центар, рече Адеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...