Јавното претпријатие за државни патишта го чека Градежниот факултет да ја доврши ревизијата за делницата Скопје – Блаце, па дури потоа ќе го објавеле тендерот за изградба на првите два километри од долгонајавуваниот автопат до Косово. Но и покрај сè, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски уверува дека градежните работи ќе започнат годинава.

„Ние сме ветиле и апсолутно очекувам првите два километри оваа година да бидат отпочнати. За другите десет и пол сум кажал дека се работи на тој проект и очекувам до наредната година да заврши проектирањето за да може после завршувањето на овие два да се отпочне и на тие десет и пол“, рече министерот Сугарески.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...