Помина и последниот рок што го даде Владата за пуштање во употреба на автопатот Миладиновци-Штип, но лентата за новата автопатска делница се уште не е пресечена. Иако според последните најави автопатот требаше да биде готов до крајот на мај, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска со нов, но неконкретен рок.

„Автопатот Миладиновци-Штип одма да ви кажам, кажав и овие денови, кажав да точно и во изјава дека оваа недела, сакам да посочам дека овие денови ќе биде путен во употреба, еве да не фиксираме кој ден, меѓутоа овие неколку дена“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и денеска информираат дека оваа делница не е пуштена во употреба и дека возачите не смеат да возат по неа.

„Ве информираме дека автопатот Миладиновци–Штип, секција Миладиновци–Кадрифаково и Кадрифаково–Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот“, изјавија од АМСМ.

Автопатот Миладиновци – Штип, долг 47 километри, почна да се гради во 2014 година и чини 200 милиони евра, кои кредит од кинеската Ексим банка. Првичниот рок за изградба беше 1 мај 2017 година, но поради проблеми со експропријација на земјиштето рокот беше приолонгиран со потпишување анекс-договор со кинеската компанија „Синохидро“. Новиот рок за изгдадба беше минатата есен, но и тој беше неколкупати одложуван, прво до крајот на годината, а потоа и до крајот на март оваа година. Последниот рок што го даде Министерството за транспорт и врски беше крајот на мај со објаснување дека се поставува заштитна мрежа како последна пречка за пуштање на автопатот. Но, мај заврши вчера, а оваа делница се уште е затворена за сообраќај.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...