Американска компанија излезе со иновативна идеја за намалување на загадувањето на воздухот во големите градови низ светот. Станува збор за нов интересен концепт на гуми кои го апсорбираат загадениот воздух. Тие во својот состав имаат мов кој преку процесот на фотосинтеза, јаглеродот се претвораат во кислород.

Овој концепт на гуми се нарекува” Кислород “, а ќе се користи во мега градовите со над 10 милиони жители. Преку овој тренд го гледаме зачувувањето на градското зеленило. Ние се повеќе и повеќе имаме проблеми со загадувањето и затоа овој концепт на гуми го гледаме како тренд на иднината”, изјави Себастијан Фонтен, индустриски дизајнер “Goodyear”

Според анализите на компанијата, во еден град со големина на Париз, со околу 2,5 милиони возила, гумите ќе отстрануваат повеќе од 4.000 тони јаглерод секоја година. Гумите со мов дури и ќе произведуваат 3.000 тони кислород годишно. Новиот концепт на гуми беше претставен на Меѓународниот авто саем во Женева, кој е отворен до 18 март.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me