Што ако постои некој кој ќе оди на сите први состаноци наместо вас, ќе ги поминува сите непријатни моменти како првите контакти со очи, првите разговори на запознавање и слично?

Сите тие он-лајн запознавања и состаноци да ги прави друг за вас, а вие удобно сместени со телефонот во рака ќе речете: “Сири најди ми вистинска љубов”

Доктор Педро Домингез, професор по компјутерски науки на Универзитето во Вашингтон вели дека наскоро и тоа ќе биде возможно.

Аликацијата за он-лајн запознавање која е на вашиот телефон е водена од алгоритми кои сами учат податоци и се надградуваат. Учат да предвидуват лајкови и реакции, ги учат нашите преференци и вкусови, всушност информации кои ние им ги даваме постојано.

Netflix предлага филмови, Фејсбук тагови, Youtube песни, сајтовите за состаноци профили на луѓе со кои би можеле да излеземе.

Тој алгоритам наскоро ќе стане аватар кој ќе биде друга верзија на вас, односно ќе ве отсликува вас, меѓутоа, по свои услови.

Овој т.н Аватар ќе може да оди на 1.000 состаноци место вас со 1.000 други Аватари. Минута подоцна би добиле 10 опции кои тој ги избрал за вас, а вие ќе треба само да решите со кого сакате да се сретнете во живо.

И сето ова благодарение на развојот на технологијата , која според доктор Домингос вели дека може да стане реалност за една декада од сега.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...