Кошаркарите на Будуќност го постигнаа историски успех откако во четвртиот натпревар во АБА Лигата ја победија Црвена Ѕвезда од Белград. Со победа од 77-73, Црногорците ја освоија првата титула во АБА Лигата со што добија право следната година да настапат во Евро Лига додека црвено белите, по три освоени титули, нема да може да настапи на европската сцена. Сепак, според најавите, ниту една балканска екипа нема да игра во Евро Лигата бидејќи ниту една од нив не може да оствари буџет од 10 милиони евра.

Shpërndaj me