Г-7 ќе врши притисок врз Северна Кореј...
Министрите за надворешни работи на групата седум индустриски најразвиени земји ветија дека ќе извршат жесток п...
Прочитај повеќе...Одлагање на почетокот на второто полугодие од учебната година бараат директорите на сите основни и средни училишта во Струга. Писмено барање веќе испратиле до Министерството за образование, но одговор засега нема. Се одлучиле на ваков чекор поради ниските температури, грипот и потребата да се заштедат нафта и дрва за греење.
„Ние би сакале Министерството за образование да го разгледа нашето барање земајќи ги во предвид и училиштата кои се во планинските места и да може да донесе на 23-тти да почне учебната година наместо на 18 јануари. Ако не, ние ќе почнеме, но ќе имаме многу проблеми со греењето и со грипот“, вели Шкелким Алиу- директор на училиште Браќа Миладиновци.
Некои од училиштата се соочуваат и со други проблеми како што се дефекти во водоводната мрежа. Во училиштето во селото Корошишта поради замрзнати цевки нема вода. Во некои од училиштата се организираат и деноноќни смени за водоводот да се грее.
„Двете подрачни училилишта се греат сега и во текот на ноќта, парното е вклучено на минимум, а овде во централното училиште со оглед на големата потрошувачка, ја испуштивме водата од системот. Работевме и ноќе, а луѓето задолжени за одржување на системот за парно греење беа присутни и во ноќните часови“, изјави Тони Савески-директор на „Јосип Броз Тито“.
„Што се однесува до дефектите имаме смрзнување на цевките за вода и стврднување на нафтата која многу тешко се пали. Со тие дефекти ќе се соочиме и на почетокот на второто полугодие“, додава Шкелким Алиу- директор на основно училиште Браќа Миладиновци.
Стружани деновиве се соочуваат и со други проблеми, а тоа се недоволно исчистените градски улици каде е видно присуството на снег и мраз.
Мики Трајковски
Министрите за надворешни работи на групата седум индустриски најразвиени земји ветија дека ќе извршат жесток п...
Прочитај повеќе...Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата. Во постојан конта...
Прочитај повеќе...Мораме да бидеме максимално одговорни во однос на начинот на кој се трошат парите на граѓаните, порача денеск...
Прочитај повеќе...Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за...
Прочитај повеќе...